Вториот Меѓународен кугларски турнир „8 Септември” ќе се одржи во кугларницата во СЦ „Борис Трајковски“. Настанот ќе се одржи во организација на КК „Вардар“ по повод Денот на независноста на Република Македонија.
Настанот ќе почне во 10 часот, а покрај македонскиот вицепрвак и куп шампион, ќе учествуваат и КК „ГТЦ Мусандра“ од Скопје и еминентни кугларски клубови од ексју републиките:
„Калцит Камник“ ( Словенија), „Мертојак“ од Сплит ( Хрватска), „Партизан“ од Белград (Србија) и „Белград“ од Белград (Србија).
Учесниците ќе се натпреваруваат поединечно и екипно. На крајот ќе бидат доделени награди за најдобрата екипа и за најдобрите поединци.
Текстот Балканскиот кугларски „крем“ на гости во Скопје е превземен од Reporter.mk.