Дел од балканските таблоиди излегоа со шокирачки наслови во кои напишаа дека Вељко Ражнатовиќ се обесил. Синот на Цеца веднаш ги негираше ваквите за него неразумни пишувања на дел од уредниците на порталите.
Оваа вест на нивните страни е објавена уште пред три години, а сега повторно ја „рециклираат“ за да заработат некој клик повеќе. Ова е навистина срамотен потег на уредништвото и никој не може да поверува што направија, пишуваат некои од фановите на социјалните мрежи.
„Оној кој го напишал ова е болен и веднаш мора да оди да се лечи. За време на празник тропате вакви глупости“, напиша Вељко на социјалните мрежи.
Текстот Балканските медиуми го обесија Вељко Ражнатовиќ е превземен од Reporter.mk.