Балотели од јануари во „Црвена ѕвезда“

Српскиот весник „Курир“ пишува дека фудбалерот Марио Балотели од јануари најверојатно ќе биде играч на „Црвена ѕвезда“. Тие се повикуваат на новиот тренер на клубот, Дејан Станковиќ, кој најавил „трансфер-бомба“ во јануарскиот преоден рок. Еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата и член на „Бреша“, во 2010 година играл со Станковиќ во „Интер“ во 2010 година, па тоа ја зголемува можноста за негов трансфер.

Балотели, поради расистичките навреди на кои е исложен во Италија, изразил желба да го напушти клубот, а од „Бреша“ велат дека нема да му прават проблеми и дека може да замине во јануари.

29-годишниот фудбалер во моментов заработува 900.000 евра годишно, што „Ѕвезда“ може да си го дозволи.

Балотели во кариерата бил играч на Марсеј, Ница, Ливерпул, Милан, Манчестер сити и Интер.

Текстот Балотели од јануари во „Црвена ѕвезда“ е превземен од Reporter.mk.