Опасна банда која британската полиција ја поврзува со убиства и дрога се обидела насилно да влезе во домот на семејството Бекамови. Куќата на популарната двојка, која се наоѓа во Оксфордшир и која вреди шест милиони фунти, во рок од само два месеца повторно стана цел на арамии.
Полицијата засега не го открива идентитетот на лицата кои се обиделе насилно да влезат, но откри дека станува збор за банда поврзана со убиства и продажба на дрога. Британските медиуми пренесуваат дека поранешниот фудбалер Бекам и неговата сопруга се исплашени за нивниот и животот на нивните деца.
„Овој обид за разлика од првиот изгледа како да е планиран подолго време. Арамиите сакале да го погодат моментот кога семејството Бекамови не е дома“, изјавил извор близок до семејството Бекам.
Бекам досега имал ангажирано седум припадници на обезбедување и две кучиња кои го чуваат неговиот имот, но британските медиуми пишуваат дека поранешниот фудбалер има намера да најми уште некого за поголема безбедност.
Текстот Банда поврзана со убиства и дрога се обидела насилно да влезе во домот на Бекамови е превземен од Reporter.mk.