Бар Рафаели е третпат бремена

Поранешниот модел на „Викторијас сикрет“, Израелката Бар Рафаели, е повторно бремена. Таа потврди дека го очекува третото дете со бизнисменот Ади Езра. 34-годишната Рафаели ја објави веста во видео што го сними со нејзиниот пријател Аси Азар, кој заедно со неа беше еден од водителите на годишната Евровизија. Во видеото таа вели „Бремена сум“, а во описот пишува: „Упс, го направив тоа повторно“.

„Не беше ли бремена пред неколку секунди? Многу сум среќен за неа – ако е ова точно. Личи малку на бремена, навистина. Но, зошто ѝ се три деца?“ – вели шеговито Азар во видеото.

Рафаели и нејзиниот сопруг имаат две ќерки, Лив, која наскоро ќе наполни 3 години, и 20-месечната Ел. Двојката се венча на 24 септември 2015 година. Претходно Бар неколку години беше во врска со холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо.

 

 

Текстот Бар Рафаели е третпат бремена е превземен од Reporter.mk.