Поранешна девојка на глумецот Леонардо ди Каприо, Бар Рафаели по трет пат стана мајка. Израелскиот модел со бизнисменот Адиј Езром станаа родители по трет пат за три години, а Рафаели се пофали и на социјалните мрежи.
„Трето дете за три ипол години, живоот е прекрасен“, напиша Рафаели на „Инстаграм“.
Манекенката и бизнисменот се венчаа во 2015 година во Израел, а веќе следната година станаа родители на две девојчиња Лив и Ели. Во јануари минатата година, светскиот модел е обвинета за затајување на данок. Наводно во периодот од 2006 до 2012 година, таа затаила 29 милиони евра од израелските власти.
„Светскиот модел веќе со години се наоѓа под истрага. Рафаели пред четири години беше приведена на испрашување, но досега не е поднесено никакво обвинение“, пишува The Jerusalem Post.
Додека се забавувала со Ди Каприо во периодот од 2006 до 2007 година, таа ги лажела властите за својот престој. На американските служби им кажала дека таа е жител на Израел, а на даночните службеници во Израел дека живее во САД. На тој начин успеала да затаи шест милиони евра данок.
Текстот Бар Рафаели по третпат стана мајка е превземен од Reporter.mk.