Бар Рафаели затајувала данок, треба да плати милиони

Израелскиот супермодел Бар Рафаели, поранешна девојка на Леонардо ди Каприо, треба да плати неколку милиони долари на државата, оти не плаќала данок во 2009 и 2010 година кога живеела во Америка, пишуваат израелските медиуми. Рафаели на суд тврдела дека во тој период била во сериозна врска и дека живеела во САД со ДиКаприо. Вели дека тогаш не била жител на Израел и затоа не ѝ должи пари на државата.Во кривичниот случај Рафаели е обвинета дека сокрила повеќе од шест милиони долари приход од 2009 до 2012 година. Таа на даночните службеници во САД им рекла дека живее во Израел, а на израелските дека живее во Америка. Во тоа време, таа наводно купувала и издавала станови во Израел.

Освен заради затајување данок, Рафаели и нејзините родители се соочуваат со обвинение за перење пари и проневера. Рафаели е обвинета дека сокрила два милиони долари приход од 2005 година до 2007 година, дека примала луксузни подароци, дека можела да користи луксузни возила во замена за публицитет на компанијата и дека тоа не им го пријавила на даночните службеници.

Нејзината мајка е обвинета дека затаила милион долари приход кој го остварила додека работела како агент на нејзината ќерка.

 

Текстот Бар Рафаели затајувала данок, треба да плати милиони е превземен од Reporter.mk.