Барбара Палвин ја замени Адријана Лима во „Викторијас сикрет“

Унгарската манекенка Барбара Палвин е најновиот ангел на „Викторијас сикрет“. Таа ќе ја замени Бразилката Адријана Лима која пред неколку месеци најави дека по 19 години работа за овој бренд ќе се пензионира.

Барбара Палвин има само 25 години. Досега учествувала на голем број модни ревии на „Викторијас сикрет“ заедно со Тејлор Хил, Кендис Свејнпул, Алесандра Амбросио и другите ангели. На Инстаграм таа се пофали дека конечно е дел од нив.

„Горда сум што ќе ја претставувам Унгарија на светско ниво. Нема да е лесно да се носак крилјата на Адријана, но решена сум да успеам“, напишала таа.

Текстот Барбара Палвин ја замени Адријана Лима во „Викторијас сикрет“ е превземен од Reporter.mk.