И актерката Тања Кочовска се приклучи во кампањата „Слушни ја – 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ и ја сподели тажната приказна.
„Имав 16 години кога бев во зенитот на мојата спортска кариера. Бев несопирлива и нижев успеси, награди, на државно ниво. Две години подоцна, го запознав него. Бевме млади, среќни и во голема љубов. Сѐ додека не го видов неговото вистинско лице. Одеднаш стана брутален“, раскажува актерката.
Потоа вели :“ Денес, имам 25 години, имам дете, оштетен слух и засекогаш уништен сон за учество на Олимпијада. Ја слушнавте вистинската животна приказна на Јана. Но, во темница останаа уште илјадници нераскажани приказни за жени и девојки кои претрпеле родово базирано насилство. Нивниот глас, и нивната приказна треба да се чуе. Затоа „Слушни ја“ и приклучи се во кампањата против насилството врз жени и девојчиња“, рече популарната актерка.
Текстот “Бав брутално претепана, а слухот ми е оштетен“, Тања Кочовска со потресна приказна е превземен од Reporter.mk.