Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам во интервју кај Џими Кимел, призна дека сè уште го чува билетот за воз што му го дала Викторија кога се запознале, а на кој го напишала нејзиниот телефонски број. Тоа се случило во 1997 година. Во тоа време Дејвид играше за Манчестер Јунајтед, а Викторија пееше во најпопуларната светска женска група, „Спајс грлс“.
„Во тоа време немаше некој што не знаеше кои се ‘Спајс грлс’, а јас го барав своето место во Манчестер во тоа време. Секој фудбалер имаше омилена спајс девојка. Девојките беа дојдени на натпревар, па по натпреварот седеа во ресторанот на клубот. Викторија веќе имаше испиено неколку чашки, па си реков ‘Зошто да не, ајде да пробам да ѝ го земам бројот’. Разговаравме еден час пред да ѝ го побарам бројот. Дента таа дошла во Манчестер во воз и на билетот ми го запиша телефонскиот број. Уште го чувам билетот“, раскажал Дејвид.
Една година откако почнаа да се забавуваат, Дејвид и Викторија се венчаа. Двојката има четири деца, ќерката Харпер и синовите Бруклин, Ромео и Круз.
Текстот Бекам уште го чува билетот на кој Викторија му го напишала телефонскиот број е превземен од Reporter.mk.