Освен што ќе ги слават божикните празници, семејството Бекам се подготвува за крштевање на синот Круз Давид(14) и Харпер (8). Кумови ќе им бидат актерката Ева Лонгорија и режисерот Гај Ричи. Синовите Бруклин Жосеф (20) и Ромео Џејмс (17) се веќе крстени, а нивниот семеен пријател и пијанист Елтон Џон им беше кум. По церемонијата, семејството ќе одржи забава, а меѓу гостите ќе бидат и Лив Тајлер и Дејвид Фрниш, како и многу други.
Викторија и Дејвид Бекам се еден од најпознатите парови во светот. Заедно се 20 години, проживеале многу скандали, афери, неверства, кризи. Врската ја започнаа тајно. Таа со Дејвид го изневеруваше тогашното момче Стујард Билтон, а Дејвид го држеше подалеку од јавноста.
Но, се чини дека овој брачен пар функционира одлично и покрај сè. Поранешната спајс-девојка во
интервју откри кој е нивниот рецепт за совршен брак. Викторија објаснила дека нивниот живот се врти
околу четирите деца.
„Децата ни се приоритет. Сè што правиме се врти околу нив. Двајцата го сакаме она што го работиме
и се цениме меѓусебно. Среќни сме што растеме заедно“, изјавила Викторија и објаснила дека нивната
љубов била на прв поглед.
Викторија и Дејвид првпат се бакнаа на јавен паркинг во Лондон, а таа не беше ни свесна со колку
жени ќе мора да се бори за да го задржи Дејвид.
„Коминикацијата е клуч на успехот, многу разговараме со децата и ја сакаме нашата фамилија. Многу
ни помагаат и нашите родители“, рекла Викторија.
Текстот Бекамови за Божиќ ќе ги крштеваат децата е превземен од Reporter.mk.