Српската пејачка Наташа Беквалац го посети Домот за лица без родители каде што помина цел ден. Таа кажа дека децата ги лечат раните, а има уште место за љубов.
Беквалац цел ден се сликаше со децата кои ја дочекаа со насмевка на лицето. Првпат по големиот скандал откако поранешниот сопруг ја претепа, Беквалац даде изјава за медиумите и потенцираше дека емоциите ѝ се помешани.
„Родител сум на две ќерки, знам што значи родителството. Секојa мајка знае за што зборувам и не е воопшто лесно. Детето е најсериозната и најубава работа на светот“, изјави Наташа и додава: „Измешани ми се емоциите, не можам да кажам дека сум среќна, ниту дека сум тажна. Се обидувам да не го покажам тоа“, вели пејачката.
По тешкиот период, пејачката собра сили за да продолжи понатаму, а на прашањето дали верува во љубов таа одговори: „Јас ја имам љубовата“, мислејќи на своите ќерки.
Таа потенцираше дека секој ден учи за родителството, но и за животот, но истакна дека и не се враќа на минатото.