Српската пејачка Наташа Беквалац откако во јавноста изјави дека допрва и следи најубавата моминска забава, сега се предомисли и вели дека никогаш повеќе нема да се мажи.
Пејачката вели дека не бега од љубовта, но дека сосема е сигурна дека никогаш повеќе официјално нема да биде ничија жена.
„Сега воопшто не размислувам за тоа. Немам никаков план, ни желба, ниту пак сонувам за такво нешто. Мајка сум на две девојчиња кои самата ги воспитувам и одгледувам, а во областа на музиката сум вистински професионалец. Околу тие две улоги имам многу работа. Верувам дека Господ има интересни планови за мојата иднина и подготвена сум за тоа“, изјавила Наташа на прашањата на новинарите на тема за љубовта.
„Она што сигурно го знам е дека никогаш повеќе нема да бидам ничија земја. Барем не официјално“, вели Беквалац.
Беквалац вели дека ваквата одлука ја донела по тешкиот период низ кои поминала, откако во семејниот дом беше претепана од сеуште законскиот сопруг Лука Лазукиќ.
Беквалац на 25 септември наполни 38 години, а роденденот го прослави во еден од белградските ресторани.
Текстот Беквалац се предомисли нема да се мажи е превземен од Reporter.mk.