Српската пејачка Наташа Беквалац деновиве ќе влезе во да ја сними својата нова песна, љубовна балада што за неа ја напиша нејзиниот кум. Песната е биографска, а зборува за болката, тагата и разочарувањето што ги доживеа пејачката во бракот со Лука Лазукиќ.
„Наташа не мирува. Таа се опорави од шокот што го доживеа во април. Не ни сонуваше дека нешто такво може да ѝ се случи, успеа да најде мир. Не ѝ беше сеедно ни за девојчињата, па се обидува да води нормален живот. Затоа сака да ја сними новата песна што е можно поскоро“, открил за „Ало“ извор близок до пејачката.
Тој рекол дека Наташа помогнала во пишувањето на текстот.
„Бев со нив кога работеа на песната. Наташа се расплака додека ги читаше зборовите. Песната ја опишува сета тага и болка која ја чувствуваше и која сѐ уште ја чувствува поради се што се случи“, додал тој.
Текстот Беквалац снима љубовна песна за Лука Лазукиќ е превземен од Reporter.mk.