Српската пејачка Наташа Беквалац била злоставувана по првиот ден кога стапила во брак со нејзиниот поранешен сопруг Лука Лазукиќ и дека со него останала само поради тоа што во тој момент била бремена со нејзината ќерка Катја. Таа трпела тортури и навреди секојдневно, а состојбата кулминирала кога српскиот бизнисмен крвнички ја претепа во нејзиниот стан во Белград. Двајцата неодамна и судски се разведоа.
„Секоја жена пред да стапи во брак треба добро да го запознае својот партнер. Јас бев занесена и заљубена. Веднаш по венчавката животот ми стана пекол. Трпев сè и сешто затоа што имав ризична бременост и се посветив да родам здраво девојче. Проблемите ги ставав под тепих, а тоа подоцна кулминираше“, вели Наташа.
Беквалац смета дека судскиот процес за неа бил многу полош од понижувањата и тепањето кое таа го доживеала од својот поранешен сопруг.
„Во судницата се чувствував како јас да сум виновна, поготово кога ќе ме прашаа дали било во ред да го разбудам сопругот, ако сум имала некакви роблеми. Се обидуваа да ме направат мене виновна. Полека почнував и да верувам во тоа. Но, на крајот докажав дека не сум. Експертите ги вештачеа моите повреди и докажаа дека не сум можела такво нешто да си направам самата на себе си“. вели Беквалац.
Српската пејачка вели дека била хиперсензитивна, па побарала помош од психотерапевт, за да не биде трајно емотивно оштетена. Со денови и недели спиев само по 2 до 3 часа. Се плашев да заспијам. Имав кошмари. Се будев целата испотена и исцрпена. Сега најважно ми е децата да имаат добар однос со татко им“, вели пејачката.
Текстот Беквалац: Со Лазукиќ останав поради бременоста со Катја е превземен од Reporter.mk.