Беквалац со пцовка возврати на роденденската честитка од нејзината сестра

Пејачката Наташа Беквалац премногу емотивно ја прими роденденската честитка од нејзината сестра за 38 роденден, што на истата и возврати со пцовка.

Беквалац денеска на 25 септември го слави 38 роденден, амеѓу бројните честитки од фановите, особено ја погоди коментарот од нејзината сестра Кристина.

„Нале моја. Ти посакувам сите лоши работи, луѓе, ситуации да ги оставиш зад себе. Да зачекориш уште посилна, поубава, поискусна, подобра во новата етапа од животот и да ја најдеш својата среќа и мир засекогаш. Толку убави работи доживеавме заедно и лоши, но заедно. Не можам да го замислам мојот живот без тебе и нашите заеднички глупости, будалаштини, смеења, солзи, веселби. Ти посакувам кога ќе бидеме баби, да седиме заедно и да се смееме и да го прераскажуваме целиот наш живот со насмевка и радост. Да им ја пренесеме на нашите деца сестринската љубов која ја имаме сите три. Ти посакувам никогаш да не ја изгубиш чистата, добрата и наивната душка која ја имаш. Имам уште многу желби за тебе, но сега малку се изморив. Ти посакувам да останеш таква каква што си, затоа што ти си најдобрата сестра на целиот свет. Те сака твоја Кика“, напишала Кристина.

 

 

Текстот Беквалац со пцовка возврати на роденденската честитка од нејзината сестра е превземен од Reporter.mk.