Бен Афлек има нова девојка

Дваесет и двегодишната манекенка Шона Секстон и официјално е новата девојка на Бен Афлек. Актерот ја остави својата поранешна избраничка Линдзи Шокус, за која со години во јавноста се зборуваше дека му е љубовница. Бен излегуваше со неа и покрај тоа што сè уште беше во брак со Џенифер Гарнер.

По разводот со Џенифер, таблоидите пишуваа дека Афлек конечно ќе го смири својот љубовен живот со Линдзи Шокус покрај себе. Сепак, 22 годишната манекенка Шона Секстон се најде последна на списокот на девојки со кои Афлек излегувал. Бен бил забележан со Шона Секстон минатиот викенд за време на прославата на роденденот во еден елитен ресторан во Малибу.

Линдзи Шокус во тој период наводно сè уште не била иселена од нивната вила во која од неодамна беа вселени. Во меѓувреме си ги земала работите, а автомобилот му го вратила преку еден од нејзините асистенти.

Линдзи Шокус во меѓувреме го избришала својот профил на „Инстаграм“, а славната продуцентка не била ни на семејната прослава на роденденот на Бен. Од тогаш во медиумите почнаа да се шират информации дека на славната двојка ѝ се ближи крајот. Тие последен пат се видени во Порторико во јули, каде Бен го снимаше новиот филм The Last Thing He Wanted.

 

 

Текстот Бен Афлек има нова девојка е превземен од Reporter.mk.