Бен Афлек се согласи на рехабилитација поради неговите децата

Актерот Бен Афлек кој веќе со години се бори со зависноста од алкохолот и коцкањето, изјави дека со неговата сопруга Џенифер Гарнер заминал на рехабилитација, затоа што сака да стане подобар човек. Бен вели дека ова го прави за доброто на неговите деца.

Џенифер откако забележала дека нејзиниот поранешен сопруг има проблем, се погрижила да ја добие целата потребна помош.

„Бен сака да биде подобар човек за неговото семејство. Минатата година таа смисли одредени правила низ кои ќе му помогне на Бен во оваа мисија. Таа на некој начин му е анѓел чувар. Џенифер е единствената која може да му помогне“, изјавил близок извор на поранешните сопружници за „Дејли Мирор“.

Последниот актер кој се најде во улогата на Бетмен, минатата недела ја прекина врската со продуцентката Линдзи Шокус, која траела повеќе од година дена. Причината за прекинот била неговата зависност од алкохолот.

По прекинот со Линдзи, Афлек краткотрајна утеха побара и во плејбој моделот Шона Секстон.

Текстот Бен Афлек се согласи на рехабилитација поради неговите децата е превземен од Reporter.mk.