Актерот Бен Афлек се опоравува од алкохолизмот. Тој вели дека минал цела година без да проба една капка алкохол. Актерот сака да биде најдобриот татко и пријател, вели близок извор до семејството.
Не е тајна дека Бен Афлек веќе низ години се бори со зависноста од алкохол, поради кои се откажал од снимањето на третиот дел на филмот „Бетмен“.
Минатата година Афлек трет пат заврчил на лечење, давајќи до знаење дека не може да го даде максимумот за улогата на снимањето на филмот.
Сепак се чини дека на Афлек му оди се подобро и подобро, со оглед на тоа што неодамна го прослави 365 ден без алкохол. Афлек има голема поддршка од својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер и нивните три деца.
„Бен одлично се опоравува и продолжува со животот пред алкохолот. И понатаму сака да биде најдобриот татко и пријател. Пронајде рамнотежа меѓу деловниот и приватен живот и е подложен на бројни методи на лечење“, вели извор близок до познатиот актер.
Во август минатата година, Афлек признал дека има проблем со алкохолот и завршил на одвикнување во познатиот центар во Лос Анџелес. Таму останал 40 дена.
„Поддршката која ја добив од семејството, колегите и фановите ми значи и повеќе од што можам да кажам. Тие ми дадоа сила и поддршка да разговарам за својата болест со другите“, напишал оскаровецот, кој во тоа време на социјалните мрежи објаснил дека битката со која било зависност е доживотна и тешка борба.
„Тоа е обврска со целосно работно време. Се борам заради себе си и своето семејство. Многу луѓе преку социјалните мрежи ми зборуваа за нивните маки со зависноста. Сакам да им се заблагодарам токму на тие луѓе. Вашата сила е инспирирачка и ме поддржаа на начини за кои мислев дека се невозможни“, истакнал Афлек.
Текстот Бен Афлек слави една година без алкохол е превземен од Reporter.mk.