Поранешниот прв човек на Формула 1 Берни Еклстоун вели дека состојбата на седумкратниот шампион Михаел Шумахер се подобрува од ден на ден. Еклстоун пред новинарите изјавил дека прашањата кои се однесувале на поранешниот возач на „Ферари“, ќе можат да ги постават кога Германецот целосно ќе се опорави.
„Шумахер сега не е со нас, но на сите прашања кои ги имате, тој сам ќе ви одговори кога ќе оздрави“, рекол Берни во највата за документарниот филм.
Пред неколку недели објавен трејлерот и најавата за документарниот филм во чест на Михаел Шумахер. Засега медиумте немаат доволни информации за неговата здравствена состојба. Легендарниот возач по страшната несреќа на скијање тешко ја повреди главата и веќе повеќе од пет години живее речиси во целосна изолација.
Во документарецот „Шумахер“ ќе бидат досега необјавени архивски снимки и сведоштва на семејството на Германецот. Документарецот ќе зборува за животот на легендарниот германски возач кој беше тешко повреден на скијање на 29 декември 2013.
Семејството првпат јавно ќе раскаже и за несреќата што му предизвика парализа, проблеми со говорот и помнењето, но и за неговото сегашно здравје. Во самиот филм ќе го има и Берни Еклстоун, кој нешто поопширно ќе каже за состојбата на седукратниот шампион.
Текстот Берни Еклстоун: Михаел Шумахер наскоро ќе се опорави е превземен од Reporter.mk.