Американската актерка и оскаровка Рене Зелвегер (50) ја прекина долгата пауза во кариерата, пренесува „Метро“. Таа има главна улога во биографскиот филм за актерката Џуди Гарланд и оваа улога е нејзиното големо враќање на филмското платно. Таа не снимаше филмови шест години.
„Добив неколку лоши совети. Донесов неколку прилично лоши одлуки и беше прилично темно. И тажно.“, рече Рене. Но, таа не мисли дека времето додека не снимала е потрошено.
„Научив многу од тоа и тоа очигледно ми требаше. Научив многу за перспективата, научив да препознавам различни модели на моето однесување и ги разбирав различните последици“, вели актерката.
Текстот Беше тажно и темно, но конечно се враќам на филмот: Рене Зелвегер ја прекина паузата е превземен од Reporter.mk.