Британските медиуми пренесуваат дека Меган Маркл во кралското семејство се однесува диктаторски. Таа на денот на својата венчавка дури почнала да се расправа со војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, а во моментите на пробата на венчаницата почнала да ѝ вика на нејзината ќерка тригодишната принцеза Шарлот.
Кејт дури на моменти плачела поради однесувањето на Меган.
„Меган знаеше да биде многу безобразна. Целата работа ескалираше кога таа му се пожалила на Хари дека Кејт ја нападнала“. Хари застана на нејзина страна, додека Вилијам ја бранел Кејт која била во петтиот месец од бременоста. Навистина во тие моменти на Кејт не и бил потребен таков конфликт“, вели изворот.
Ситуацијата меѓу двете јатрви дополнително се заострила кога Меган почнала да го навредува персоналот во палатата. Мелиса Тумбати, личната аистентка на војвотката од Сасекс, во солзи била принудена да даде отказ затоа што повеќе не можела да го издржи нејзиното малтретирање.
‘Demanding’ Meghan Markle ’emails staff instructions as early as 5AM’, it’s claimed as personal assistant quits in tears https://t.co/ZuH4V4BxZh
— Irish Sun (@IrishSunOnline) December 3, 2018
По само шест месеци работа со Меган таа повеќе вели дека не можела да ги издржи преголемите барања и очекувања од неа. Имало моменти кога поранешната американска актерка знаела да и испрати во пет часот наутро еден куп мејлови со инструкции и барања кои требало да бидат исполнети во текот на денот.
„Меган знае да биде многу тешка. Има високи стандарди поради тоа што е навикната на холивудски третман. Воглавно во кралското семејство не уживаат сите еднаква почит. За разлика од неа Кејт секогаш била внимателна кон персоналот“, вели извор близок до кралското семејство.
„Мелиса беше под голем притисок. На крајот не можеше да издржи. Многу работи ги проголта. Меган бараше многу од неа и на крајот заврши во солзи. Таа е многу талентирана и беше централна личност на кралската венчавка. Ќе ни недостига на сите. Мелиса е вистински професионалец и фантастично си ја извршуваше должноста, но на крајот најдобро беше за сите секој да си продолжи по својот пат“, вели изворот за „Мирор“.
After working with the royal for just six months, Melissa Toubati handed in her NOTICE because it had gotten ‘TOO MUCH’ for the 39-year-old, it is claimed.
.
Meghan Markle’s left her personal assistant in tears https://t.co/4bgUcgWD0U via @MailOnline— sunshine (@song_title) December 2, 2018
Мелиса пред да почне да работи во кралското семејство, има рабтено и за Роби Вилијамс.
Текстот Безобразната Меган и викала на малата принцеза Шарлот пред венчавката е превземен од Reporter.mk.