Бибер и Болдвин планираат свадба во септември

Канадскиот пејач Џастин Бибер планира да направи гламурозна свадба во септември, со неговата избраничка Хејли Болдвин. Двајцата се свршија во јуни минатата година, а подоцна во септември тајно се венчаа во Њујорк.

Засега сеуште не е утврден точниот датум на венчавката, но извор близок до двојката вели дека планирано на свадбата да бидат поканети семејството и најблиските нивни пријатели, пренесува TMZ.

Бибер и Болдвин поканите за гостите ќе ги испратат следната недела. Нивни блиски пријатели велат дека и двајцата одлично се согласуваат и дека со нетрпение ја чекаат венчавката.

 

 

Текстот Бибер и Болдвин планираат свадба во септември е превземен од Reporter.mk.