Ѕвездата на реалните шоуа Ким Кардашијан и нејзиниот маж, музичарот Канје Вест, објавија прва фотографија од нивното четврто дете. Тие открија дека момчето ќе се вика Псалм, библиско име со еврејско потекло што значи песна.
Псалм е втор син на Ким и Канје. Тие веќе го имаат 3-годишниот син Сеинт, но и ќерките Норт (5) и Чикаго (15 месеци). Двојката го доби Псалм од сурогат мајка. Заради проблеми со здравјето и ризичната бременост што Ким ја имаше со Чикаго, лекарите ѝ забранија повторно да остане бремена, па затоа познатата двојка се реши да добие уште едно дете со помош на сурогат.
Текстот Библиско име за синот на Ким и Канје е превземен од Reporter.mk.