Светските медиуми ги преплави веста дека Бијонсе е повторно бремена со четврто дете.
Шпекулациите започнаа откако пејачката на еден од нејзините последни настапи се појави во фустанот од кој се гледаше заоблениот стомакот.
Таа го погали стомакот на сцената, и ова беше довлно да позчнат гласините дека е повторно бремена, а снимката веднаш се пуштија и на социјалните мрежи.
Бројни портали веднаш го пренесоа тоа, меѓутоа, Бијонсе и Џеј Зи досега не се огласија за веста. Пејачката лани летото се породи со третото дете.