Американскиот комичар Бил Козби е осуден на 3 до 10 години затворска казна во судот во Пенсилванија, поради дрогирање и напад на жена во неговиот стан во Филаделфија.
Обвинителот барал казната од 5 до 10 години затвор, додека одбраната барала служењето на затворската казна биде извршена и во неговиот дом. Комичарот не давал изјави по денешното судење.
Судијата Стивен Онил ја одбил гаранцијата и го категоризирал Козби како „насилен сексуален предатор“. Козби редовно ќе мора да оди на советување до крајот на својот живот и ќе биде заведен во регистарот на сексуални прекршители. Тоа ќе значи дека ќе мора да ја известува заедницата во која живее за своето кршење на законот. Соседите, домовите за деца и школите ќе мора да бидат известени, ако во нивна близина живее актерот кој е познат под надимакот „американски татко“.
Козби во април беше осуден поради сексуалниот напад над Андри Констанд, администраторка на атлетскиот тим на универзитетот во Темпл во 2004 година. Таа е една од 60-те жени кои го обвинија Козби за недолично сексуално однесување.
Текстот Бил Козби осуден на затворска казна од 3 до 10 години е превземен од Reporter.mk.