Били Ајлиш сакала да се самоубие

Тинејџерската ѕвезда, Били Ајлиш, во интервју за „Ци-би-ес“, откри дека во 2018 година паднала во депресија, па неколку пати размислувала за самоубиство. Во интервјуто, 18-годишната пејачка, раскажала дека не можела да се носи со славата и сè што ѝ се случувало во тој период.

„Имав само 16 години и огромен товар. Бев несреќна. Се чувствував како да не знам што понатаму. Навистина бев несреќна. Си мислев, ако продолжи вака, не сакам да живеам, нема да наполнам ни 17“, рекла во интервјуто.

Пејачката, која е номинирана за Греми, раскажала дека сакала да се самоубие додека била во Берлин.

„Бев сама во хотелската соба, а прозорецот се отвораше, пробав дали ќе се отвори. Плачев многу, почнав да размислувам на кој начин сакам да умрам, и дека треба само да скокнам“, додала таа и признала дека не се самоубила заради мајка ѝ.

По ова, Ајлиш почнала да оди на терапија. Вели, разговорите ѝ помогнале многу, па во моментов е многу посреќна од порано. Таа во меѓувреме почна отворено да зборува за својата депресија и за проблемите, со надеж дека ќе им помогне на фановите што поминуваат низ истото.

„Им велам: Грижете се за себе, бидете добри со себе и бидете фини кон себе. Не правете го оној одлучувачки чекор за да си го одземете животот“, рекла таа.

 

Текстот Били Ајлиш сакала да се самоубие е превземен од Reporter.mk.