Иван Маринковиќ, првиот маж на пејачката Гоца Тржан, тврди дека тие се и понатаму во брак. Иако се разведоа пред неколку години, според Иван, тоа што не го поништиле и црковниот брак, значи дека се венчани и дека тој не може да се ожени повторно.
„Сите мои идни планови се врзани со мојата девојка Јелена. Сега ќе мора да го раскинам црковниот брак со Гоца, затоа што, во спротивно, ќе имам пречки во секоја љубовна врска. Гоца и јас се уште сме венчани пред Бога, но наскоро ќе го сменам тоа“, рекол Маринковиќ, кој до неодамна учествуваше во реалното шоу „Парови“.
Гоца неодамна го тужеше Иван дека не плаќал алиментација за ќерка си Лена, а тој, пак, за српските медиуми рече дека со години не ја видел, оти Гоца не му дозволува.
„Не бегам од своите обврски. Должам околу 250.000 денари за алиментација и ќе ги платам. Имаше период кога не можев да ги исполнам своите обврски, но тоа е минато сега. Ќе платам се што должам, не затоа што Гоца сака да ме понижи во медиумите, туку затоа што ми е должност. Со ќерка ми немам контакт затоа што го сменила телефонскиот број, а Гоца не ми дозволува да се гледам со неа. Изгледа ќе мора да се обратам во Центарот за социјална грижа, но без врска ми е да се гледам со ќерка ми сосила. Знам дека Лена го вика ‘тато’ новиот маж на Гоца и не ми е мило, но сега не можам да го променам тоа“, рекол Иван кој не го користеше правото секој втор викенд да се гледа со Лена затоа што последниве две години ги помина во реалното шоу.
Текстот Бившиот маж на Гоца Тржан тврди дека се уште во брак е превземен од Reporter.mk.