Бизнисмен од Швајцарија го плаќа лекувањето на Дарко Лазиќ

Српските медиуми пишуваат дека богат бизнисмен од Швајцарија го плаќа лекувањето на Дарко Лазиќ во болницата. Станува збор за Мерсед Хаџиќ, познат како Мирсо Швајцарецот.

Мерсед меѓу останатото работи и како менаџер на српскиот фолк-пејач Аца Лукас. Дарко Лазиќ по недела дена од тешката сообраќајка и неколку успешни операции се разбуди од кома.

Медиумите вечера успеаа да влезат во неговата соба и да забележат дека неговата здравствена состојба се подобрува. Некои од лекарите сепак се загрижени дека пејачот може да остане инвалид.

 

Текстот Бизнисмен од Швајцарија го плаќа лекувањето на Дарко Лазиќ е превземен од Reporter.mk.