Песната „Боемска рапсодија“ од британската рок-група „Квин“ е најслушана композиција на 20 век, напишаа на „Твитер“ од американскиот медиумски гигант „Јуниверзал мјузик груп“.
Според компанијата, оваа песна ја надминала границата од 1,5 милијарда стриминг-слушања на интернет. Како што јави списанието „Варајати“, популарноста на песната се зголемила по излегувањето на истоимениот филм „Боемска рапсодија“, кој ја опишува историјата на создавањето на групата „Квин“.
Студиската снимка на „Боемска рапсодија“ е направена во 1975 година кога била пуштена како сингл. Песната трае шест минути и во 1981 година влезе во колекцијата на најдобрите хитoви на оваа група.
Според „Бокс офис моџо“, истоимениот филм, чија премиера во Америка се случи на 7 ноември, во американските киносали досега има заработено речиси 174 милиони долари. Додека надвор од САД филмот досега има заработено над 422 милиони долари.
Буџетот за продукција на филмот „Боемска рапсодија“ е 52 милиона долари.
Текстот „Боемска рапсодија“ најслушана песна на 20 век е превземен од Reporter.mk.