Најдобриот југословенски скијач, Бојан Крижај за себе вели дека е југоносталгичар. „Скијав во времето на Југославија и се гордеам со тоа. Мојата генерација го испопуларизира овој спорт, а нас не сакаа сите од Вардар до Триглав“, изјавил Крижај за српските медиуми.
Популарниот скијач осум пати победувал во трките за Светскиот куп, а двапати се натпреварувал на Олимпијадата. Во 1980 година на Олимпијадата во Лејк Пласид освоил сребро, со заостанување од само 2 стотинки зад победникот.
„Државата беше една кога скијав јас. Горд сум на себе и на се што постигна мојата генерација. Понесени од ова, Хрватите направија голем бум во скијањето, а Словенците продолжија напред. Петровиќ, Стрел, Куралт, Франко, целата моја генерација беа скијачи родени во Словенија, ама сите бевме Југословени. Признавам, јас сум голем југоносталгичар, па секоја година на мотор ја посетувам поранешната држава, одам на Златибор, на Јадран, во Охрид, на Јахорина“, раскажал тој во интервјуто.
Тој додал дека доколку Југославија не се распаднеше, ќе останеше спортска велесила, оти спортистите од овие краишта се генијалци.
„Ние сме доказ дека малите нации можат да се кренат над просекот. Никој не ги праша спортистите ништо кога се распадна заедничката земја. Стискам палци и срцето ми чука побрзо кога гледам како се натпреваруваат поединците и репрезентациите од земјите на поранешна Југославија,“ рекол Крижај.
Текстот Бојан Крижај: Јас сум југоносталгичар и денес возам со мотор од Вардар до Триглав е превземен од Reporter.mk.