Поп-пејачката и водителка Бојана Скендеровски е бремена со второто дете. Таа веста за бременоста ја откри на социјалните мрежи и објави слика на која се гледа нејзиниот труднички стомак. Бојана со сопругот Васко ја има едногодишната ќерка Искра.
Пејачката, која е автор и водител на емисијата „Улица Македонија“, деновиве беше актуелна во јавноста поради препукувањето со Сергеј Варошлија по социјалните мрежи. Тој ја нарече Бојана „лажна Лила“ во неговата емисија, а таа го опиша како „лингур во хеланки“.
Лингур во хеланки заради мутирана Лила-нова војна на естрадата
Текстот Бојана Скендеровски ќе стане мајка е превземен од Reporter.mk.