Фронтменот на рок-групата „Ју ту“, Боно, најави дека ќе ја продолжи турнејата откако истата ја прекина поради проблеми со гласот.
Боно во Берлин беше принуден по третата песна, Red Flag Day, да ја напушти сцената поради проблеми со гласот. Се претпоставува дека чадот од димните ефекти предизвикал проблеми на гласните жици на пејачот.
Bono was forced to stop mid-performance during a @U2 concert in Berlin after he lost his voice.
The singer apologised to the audience and asked for the smoke machine to be switched off as it was like breathing “cigar smoke”.
Read the full story here: https://t.co/84wSZpuJJG pic.twitter.com/6mxXFbJhcj
— Sky News (@SkyNews) September 2, 2018
„Се извинувам, мислам дека нема да можеме да продолжиме“, им се извини Боно на обожавателите.
Првично на публиката ѝ беше кажано дека ќе има мала кратка пауза, но подоцна беа информирани дека шоуто нема да продолжи.
„Бев на лекар. Сега сум подобар. Не станува збор за ништо сериозно. Едвај чекам да дојде 13 ноември и повторно да се вратиме“, беше изјава што Боно ја даде по лекарските прегледи.
Текстот Боно на 13 ноември се враќа на сцената е превземен од Reporter.mk.