Тенисерот Борис Бекер денеска за прв пат во јавноста ја претстави својата нова избраничка Лeјла Павел. Двајцата за прв пат се видени заедно уште пред четири месеци како вечераат во престижен ресторан, но офијалната потврда за нивната заедничка романса стигнала дури денес пишуваат светските медиуми.
Медиумите пишуваат дека тенисерот уживал во друштвото на својата 20 години помлада девојка. 31 годишната Лејла се занимава со манекенство, а медиумите го уловиле моментот кога Бекер почнал да ја следи на социјалните мрежи и да ѝ ги лајкува фотографиите на „Инстаграм“.
Германецот се разведе во 2017 година, од манекенката Лили Бекер, со која беше 13 години во љубовна врска. Лили го остави Бекер откако тој банкротираше.
Текстот Борис Бекер во врска со 20 години помлада манекенка е превземен од Reporter.mk.