Борис Новковиќ стана татко

Пејачот Борис Новковиќ и неговата сопруга Ирис Волф станаа родители. Ирис која е студентка по моден дизајн роди девојче на кое ќе му го дадат името Си. Ирис се породи денес во Загреб, а двојката вели дека се пресреќни.

„Се чувствувам прекрасно, од раѓањето на моите два сина ова ми е најзначајниот и најсреќен ден во животот. Се беше убаво и природно“, изјавил Борис.

„Бев на пораѓањето. Не ми беше страв. Девојчето ќе го крстиме Си. Ирис и јас заедно го избравме името. Корените се хребрејски, а дури и во Кина постои ова име. Генерално, името го извлековме од нашите имиња Ирис и Борис“, вели пејачот.

Новковиќ е во врска со Ирис од минатата пролет, а поради разликата во години, голем дел од неговите обожаватели не му предвидуваа светла иднина. Борис е 25 години постар од Ирис, а со ова покажаа дека љубовта не знае за годините, пишуваат сега неговите фанови на социјалните мрежи.

На почетокот двајцата се појавуваа заедно на јавни настани, а дека се во врска, потврди и самата Ирис на социјалните мрежи.

 

„Тоа беше љубов на прв и последен поглед, на секогаш и засекогаш поглед“, напиша Ирис.

Текстот Борис Новковиќ стана татко е превземен од Reporter.mk.