Драган Стојковиќ – Босанац, член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ вчера бил итно опериран во Белград. Нему му била направена операција на срцевиот залисток, открил за српските медиуми доктор Милован Бојиќ, директор на Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“. Тој рекол дека операцијата на Босанац била успешна и дека музичарот во моментов се наоѓа на интензивна нега и закрепнува.
Босанац, кој е член на популарното музичко шоу од првата сезона, колегите го опишуваат како најправедниот, но и најстрог член на жирито во „Гранд“. Тој ќе направи пауза неколку недели пред да се врати во шоуто.
Текстот Босанац итно опериран од срце е превземен од Reporter.mk.