Авалон го најави првиот проект во 2020 година . „Принцот на севдахот“ или, како што престижниот „Њујорк тајмс“ го нарекува, „човекот со ангелски глас“, Божо Вреќо за прв пат ќе има концерт во Скопје во Македонската опера и балет на 23 февруари, со почеток во 19.30 часот.
Божо Вреќо е лирски тенор кој предизвикува бројна публика и затоа настапува на концерти низ Европа и светот кои се секогаш однапред распродадени. Неговата акапела интерпретација на севдалинките е секогаш спектакуларна. Во Скопје во февруари ќе пее песни од неговите четири албуми.
Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба во среда (27-ми ноември) во 09 часот наутро по цена од 1500 денари, а достапни за купување ќе бидат во Avalon Music & Ticket Store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на www.avalon.mk.
Текстот Божо Вреќо во Скопје е превземен од Reporter.mk.