Брајам Адамс проговори за пријателството со принцезата Дајана

Канадскиот музичар Брајан Адамс демантира дека бил во врска со принцезата Дајана. Во интервју за британските медиуми тој рекол дека со покојната принцеза биле само пријатели. Јавноста сакаше да дознае во каков однос биле принцезата и пејачот откога поранешниот батлер на Дајана, Пол Барел, пред неколку месеци рече дека лично тој тајно влегувал со автомобилот на Брајан Адамс во Бакингемската палата.

„Не беше потребно да ме внесува тајно, сам си се појавував“, изјавил тој за време на телевизиското интервју, коментирајќи ја изјавата на батлерот на Дајана. Тој рекол и дека со принцезата биле „блиски пријатели“.

„Пријатели со специјални привилегии?“, прашал водителот, но Адамс одлучил да не одговори конкретно. „Таа беше едноставно… Ние бевме добри пријатели“ и со тоа престанал да разговара на темата.