Бракот на Роналдо е стабилен и по обвинувањата за силување

По обвиненијата за наводно силување, сопругата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, упати порака за поддршка до играчот на Јувентус.

Манекенката се огласи во јавноста по обвиненијата што стигнаа на адреса на Португалецот од 34-годишната студентка Кетрин Мајорга, која изјави дека пред девет години фудбалерот ја силувал, а потоа ѝ платил да молчи.

„Пречките пред себе секогаш ги трансформираш во импулс и сила за да покажеш колку си голем. Фала ти што покрај тебе уживаме во секој меч. Те сакам“, порача Родригез од трибините во Торино по победата на Јувентус над Наполи.

Мајорга го обвини Роналдо за силување што наводно се случило на 12 јуни 2009 година во хотел во Лас Вегас. Фудбалерот ја принудил на анален секс, а откако било утврдено дека е силувана, Роналдо ѝ дал 375 000 долари за да молчи.

 

View this post on Instagram

 

Vitamina D 👀👁💕🏊🏼‍♂️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Фудбалерот на Јувентус ги отфрли ваквите обвинувања наведувајќи дека се лажни и дека тој е среќно оженет човек. Од италијанскиот клуб Јувентус одбија да ги коментираат наводите на текстот во германскиот весник „Шпигел“. Адвокатот на Роналдо изјави дека ќе го тужи уредништвото на весникот за објавената приказна и кршење на правата на неговиот клиент.

 

View this post on Instagram

 

Dulces sueños… 🌖💫❤️

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Уредникот на „Шпигел“ вели дека во повеќе наврати се обидувал да стапи во контакт со Роналдо и неговиот менаџмент, но не добивале никакви одговори.

 

View this post on Instagram

 

M͚E͚R͚A͚V͚I͚G͚L͚I͚O͚S͚O͚ 🌲🌿🍃🌺 #🇮🇹

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Мајрога изјавила дека не може да се држи до договорот за молк затоа што страда од тешки психички последици поради таа ноќ пред девет години.

 

View this post on Instagram

 

🇸 🇺 🇲 🇲 🇪 🇷 🇻 🇮 🇧 🇪 🇸 ☀️🌊❤️

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

„Имав сериозни повреди. И повторно сум јас виновна за силување. Го обвинувам него, а се обвинувам и себеси затоа што се согласив да молчам“, изјавила Мајрога.

 

Текстот Бракот на Роналдо е стабилен и по обвинувањата за силување е превземен од Reporter.mk.