Српскиот фолк-пејач Ацо Пејовиќ во последното интервју за списанието „Глос“ ја раскажа својата тажна семејна приказна. Тој откри дека кога имал шест години, неговата мајка била бремена со близнаци, но го изгубила едното бебе поради лекарска грешка.
„Помалиот брат е роден во 1976 година. Иако во тоа време постоеше ултразвук, лекарот не видел дека мајка ми носи близнаци. Поради неговата грешка едното од бебињата се задуши кога мајка ми се породуваше. Брат ми што преживеа имаше само 1.400 грама кога се роди. Моите го крстија Радоица, по народната епска песна ‘Малиот Радоица’ за чија храброст и издржливост има неколку легенди. Сите го чувавме многу додека растевме. Денес Радоица е маж од два метра и игра кошарка во нашиот роден град“, раскажал пејачот.
Тој рекол дека смртта на братот ја прифатил како божја волја и дека иако детето никогаш не било родено и крстено, сепак оди во црква да запали свеќа за него.
„Не се прашувам себеси каков би ми бил животот ако и тој беше жив. Така требало да биде. Го прифатив тоа одамна“, додал Пејовиќ.
Освен шест години помладиот Радоица, Ацо Пејовиќ има и четири години постар брат Предраг.
Текстот Братот на Ацо Пејовиќ умрел при раѓање е превземен од Reporter.mk.