Братот на Чолиќ познат по правењето најдобри ќебапи во цел Белград

Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ многу наликува на својот брат. Но, во светот на бизнисот двајцата се во различни светови. Додека Здравко е познат во јавноста по честите гостувања, фотографирања и интервјуа, неговиот брат Драган во Белград е познат по својата ќебапчилница.

Драган пред неколку години наводно го откупил оригиналниот рецепт за правење на сараевски ќебапи, а рецептот му го продал познатиот тамошен ќебапчија Хоџиќ.

Здравко вели дека е многу врзан за својот брат Драган, а љубовта уште во детството им ја врежале нивните родители.

„Моите родители направија се за мојот брат и мене не изведат на вистинскиот пат. Сето најдобро во нив ни го пренесоа на нас“, изјавил Здравко Чолиќ во своето неодамнешно интервју за Stori.

По смртта на нивната мајка, Здравко и Драган уште повеќе се врзале.

„Мојот татко му го купи на Драган првиот грамофон, првата гитара и сето тоа само со една плата. Нашата мајка беше права домаќинка“, се присетува Чола на деновите од младоста.

Иако не сака премногу да се експонира во јавноста, Драган е многу врзан за својот брат и каде и да настапува Чола во Белград, тој се обидува да биде со него и со останатите членови од семејството.

 

Текстот Братот на Чолиќ познат по правењето најдобри ќебапи во цел Белград е превземен од Reporter.mk.