Џејмс, помладиот брат на Кејт Мидлтон со години се бори со депресија, открил за британскиот „Дејли мејл“. Болеста му била дијагностицирана пред само една година, а тој дотогаш не знаел што му се случува.
„Боледувам од пореметување предизвикано од недостиг на внимание, познато како АДХД, но и од хронична депресија. Ми требаше долго да побарам помош. Тоа беше можеби најдобрата одлука што ја направив, мислам дека можеби и ми го спаси животот. Со ноќи не спиев, преку ден едвај одев на работа. Таму само зјапав во екранот на компјутерот и чекав да помине времето за да си одам дома. Се лувствував толку лошо, што не можев да одговорам на обична порака. Не можев да комуницирам ни со оние што најмногу ги сакам“, рекол Џејмс во интервјуто за британскиот везник.
По свадбата на Кејт со принцот Вилијам, целото нејзино семејство се најде во центарот на вниманието на британската јавност. Нејзината сестра Пипа е постојано во медиумите, но Џејмс се појавува многу ретко во јавноста. Сега признава дека сето тоа е заради болеста.
„Моите сестри ми се огромна поддршка“, додал тој.
Текстот Братот на Кејт Мидлтон се бори со депресија е превземен од Reporter.mk.