Братот на Меган Маркл, Томас Маркл вели дека ја изгубил работата и останал без кров на главата поради војвотката, пишува „Дејли Мејл“. Неможејќи да најде работа, тој вели дека морал да спие под мост и да проси на улица. Поради неговото презиме никој не сакал да го вработи.
„Меган требаше и мораше да биде похумана кон нас. Тоа што сме роднини не уништи и мене и моето семејство“, вели Томас, кој објаснил дека морал да се пресели кај мајка му во Ново Мексико, затоа што немал каде да живее.
„Останав бездомник и морав да спијам под мост со натписот на картонот и просејќи пари. Тоа што Меган се најде на кралскиот пиедеста и гледа што се случува со нејзиното семејство, а не превзема ништо е нешто што целиот живот ќе ја прогонува. Таа требае да биде похумана кон нас“, вели Томас.
Текстот Братот на Меган стана бездомник е превземен од Reporter.mk.