Американскиот пејач Арон Картер, познат како помладиот брат Ник Картер, еден од членовите на популарната музичка група во деведесетите „Бекстрит бојс“, признал дека боледува од четири болести истовремено.
Поранешната тинејџерска ѕвезда во американската телевизиска емисија The Doctors, признал дека боледува од шизофренија, акутна анксиозност, манична депресија и биполарно пореметување.
Арон во емисијата извадил цела пластична кеса полна со различни таблети, кои вели мора да ги зема за лечење на разните состојби. Арон им порачал на фановите дека нема што да крие и признал дека води бурен живот, кој допринесол до влошување на неговото ментално здравје.
„Низ своите дваесети минав низ банкрот, четири пати бев шворц, а ја изгубив и сестра ми. Минав низ толку различни психички состојби и сега сум тука кај што сум“, изјавил Арон.
Неодамна полицијата морала да реагира во неговиот дом, а на пејачот по раскинувањето со девојката, судски му било забрането да ѝ се приближи, откако бил виден како купува оружје.
Арон вели дека и покрај тоа што многумина имаат лошо мислење за него, тој сеуште распродава концерти и заработува милиони. Со неговиот брат Ник е во лоши односи, а некои фанови се убедени дека е зависен од илегални супстанци.
Текстот Братот на Ник од „Бекстрит Бојс“ призна дека боледува од четири психички болести е превземен од Reporter.mk.