Поранешната брачна двојка требеше да се сретне на роденденската забава на нивниот заеднички пријател и колега Леонардо Ди Каприо. Популарниот актер секоја година за својот роденден организира гламурозна забава во елитниот дел на Лос Анџелес, а на забавта редовно доаѓаат многу познати личности. На годинешната забава биле повикани и Бред Пит и Џенифер Анистон.
Многумина ја очекувале нивната средба но за жал , повторно не се сретнале. Во последен миг Бред поради актерски ангажман го откажал присуството на забавата, а Џенифер се појавила на роденденот. Бред и Џенифер инаку беа во брак од 2000 до 2005 година. По разводот Бред се ожени со Анџелина Џоли, но и тој брак заврши со развод.
Текстот Бред избега да се сретне со Анистон е превземен од Reporter.mk.