Бред Пит и Марго Роби го прашуваат Ди Каприо зошто морал да умре во Титаник

Актерите Бред Пит и Марго Роби се пошегува на сметка на колегата Леонардо ди Каприо на една од прес-конференциите на нивниот нов заеднички филм „Беше еднаш во Холивуд“.

Пит инсистирал Лео да одговори на прашањето за една од најконтроверзните снимени сцени во историјата на филмовите. Новинарите го прашале Лео, дали неговиот лик Џек, пред крајот на филмот можел да се качи заедно со Кејт Винслет (Роуз) на дрвениот предмет кој пловел во океанот и да не замрзне во студената вода.

На Ди Каприо му станало непријатно и не сакал да одоговори на прашањето сметајќи дека пресконференцијата е наменета за новиот филм, а не за Титаник. Бред Пит инсистирал на одоговор од Лео, а на новинарите им кажал дека ова прашање го направил пресот интересен и забавен за него.

„Ова е забавно. Ќе се вратам и повторно ќе ја погледам оваа сцена“, искоментирал Пит, по добиеното прашање од новинарите, што мисли и тој за истата.

На прес-конференцијата била и актерката Марко Роби, која за спомената сцена, коментирала дека станува збор за најконтроверзната во историјата на симањата на филмовите.

 

Текстот Бред Пит и Марго Роби го прашуваат Ди Каприо зошто морал да умре во Титаник е превземен од Reporter.mk.