Актерот Бредли Купер повторно ќе глуми заедно со пејачката Лејди Гага во новото продолжение на „Марвел“, „Чувари на галаксијата 3“, пишува HoolywoodLife.
Купер и Гага ги имаа главните улоги во филмот „Ѕвездата се роди“, а извор близок до двојката открива дека сега тие повторно ќе имаат можност да глумат заедно.
Бредли повторно ќе го глуми ракунот Ракета, додека Лејди Гага ќе биде неговата избраничка Лила.
„Нивните ликови се анимирани, но и таквата ситуација ќе биде возбудлива. Сепак не очекувам дека ќе се повтори изведбата со песната Shallow“, објаснува изворот.
Тој вели дека и Купер и Гага знаеле дека филмот „Ѕвездата се роди“ бил посебен за нив двајцата и дека никогаш нема да ја заборават таа изведба, особено онаа која им се случи на оскарите.
„Тие знаат дека тој филм беше посебен за нив двајцата и никогаш нема да ја заборават изведбата. Но, немаат намера да ја повторат затоа што не сакаат да ја уништат историјата што ја создадоа досега“, вели изворот.
Сепак со таквата констатација не се согласуваат голем број од фановите. Тие велат дека од Купер и Гага сега може да се очекува сè.
„Хемијата која се случи на сетот во ‘Ѕвездата се роди’ беше многу силна. Тогаш Бредли беше со Ирина Шајк. Сега може да очекуваме сè“, коментирале дел од фановите на социјалните мрежи.
Други, пак, негодуваат што Гага сака да се појавува таму каде што не ѝ е местото.
„Тој е актер, а таа во ‘Ѕвездата се роди’ не воодушеви премногу со глумата туку со пеењето“, биле дел од коментарите.
Текстот Бредли Купер и Лејди Гага повторно ќе глумат заедно е превземен од Reporter.mk.