Поранешниот пејач и бизнисмен Дарко Гелев-Брејк третпат стана татко. Неговата сопруга, манекенка Драгана Клопчевска, утрово роди девојче, кое ќе се вика Деа. Ова е второ дете на двојката, тие се родители и на петгодишниот Давид. Брејк, пак, од првиот брак го има синот Марко.
Веста за раѓањето на бебето ја објави Драгана на „Фејсбук“ и сподели неколку слики од бебето
„Во 3:44 денес се роди Деа, те сакаме малечка наша“, напиша Клопчевска.
Неодамна за „Репортер“ Драгана рече дека целото семејство било пресреќно кога дознале дека бебето е женско. Тогаш ни откри и дека веќе смислиле име за девојчето.
„Среќна сум многу и едвај чекаме да се роди, а најмногу се радува Давид, кој ќе биде пет години поголем од неговата сестра. Интересно ќе биде дома“, ни раскажа тогаш поранешната Мис на Македонија. Таа додаде дека Марко, првиот син на Брејк, ќе биде поголем 19 години од бебето.
Дарко тогаш рече дека е позитивно изненаден, оти бебето ќе биде девојче.
„Среќен сум многу и позитивно изненаден оти секогаш мислев дека и третото, пак ќе биде машко. Ама, еве сега чекаме девојче, знам дека ќе ме разнежни“, вели Брејк.
Фото: Фејсбук
Текстот Брејк третпат стана татко е превземен од Reporter.mk.