Фолк-пејачка Лепа Брена се однесувала како разгалена дива за време на одморот во Црна Гора, пишуваат српските медиуми. Со сопругот и неколку пријатели таа била на ручек во познат ресторан на црногорското приморје, а откако ја добила сметката за ручек, побарала попуст затоа што е ВИП, пишува „Блиц“.
„Мислев дека ѕвездите имаат попуст кај вас“, наводно му рекла Брена на келнерот откако завршила со ручекот кој чинел малку повеќе од 500 евра. Келнерот го повикал сопственикот на ресторанот, кој на гостите им испратил шише скапо вино, а потоа им дал попуст на сметката, раскажал гостин кој бил во ресторанот за српскиот весник. Сопственикот на ресторанот не бил информиран дека Брена е негов гостин. Бидејќи ја сакал неа и нејзината музика веднаш дошол на масата, ја намалил сметката, а пејачката го промовирала неговиот ресторан на социјалните мрежи, додал истиот извор за „Блиц“.
Текстот Брена барала попуст за ручек во кафана е превземен од Reporter.mk.