Домашната куќна помошничка која со години работела во домот на Лепа Брена јавно проговори за хуманоста и чесноста на нејзината газдарица.
Жената, која сакала да остане анонимна, вели дека е револтирана од муабетите што ги слушала во јавноста за тоа дека пејачката била алчна и злобна.
„Верувајте, Брена е исклучителна жена. Таа кон моето семејство се однесуваше како кон нејзиното. Кога ќе завршев со работа, таа ќе ми подготвеше храна, овошје, сокови, слатки за да понесам со мене. Не ме оставаше да излезам со празни раце. Тоа немаше никаква врска со платата. За гардеробата не сакам ни да зборувам. Дури купуваше капути и за мене и за моите ќерки. Ни даваше облека за сите пригоди. Благодарение на Брена, моите деца завршија факултет“, вели жената додавајќи дека ќе продолжела да работи за неа доколку не остарела.
Текстот Брена го платила школувањето на децата на домашната помошничка е превземен од Reporter.mk.